Француски „RMC Sport“ тврди дека Зинедин Зидан ќе го преземе ПСЖ најдоцна до лето.
Така барем велат нивните извори кои наведуваат дека Маурицио Покетино ги загубил сите заслуги, а соработката наскоро ќе биде прекината.
Ако успее да се спаси, тоа ќе биде до крајот на сезоната, а потоа ќе следуваат промени.
Даниел Риоло, новинарот кој прв го најави доаѓањето на Меси во ПСЖ, тврди дека Зидан сигурно ќе го преземе овој богат француски клуб и дека веќе нема дилеми.
Зидан го имаше последниот ангажман во Реал, а по заминувањето минатото лето повеќе не работеше во ниту еден клуб.
Зидан имаше понуда и од Манчестер Јунајтед, но ја одби под изговор дека чека работа во француската репрезентација. Селекторското место ќе биде достапно дури по Светското првенство и се чини дека Зидан би можел да му се врати на клупскиот фудбал.