ФУДБАЛ

Човекот од 100 килограми е минато: Лукаку за кратко време се претвори во мускулест „ѕвер“

Ромелу Лукаку летово се врати во Интер каде пристигна на позајмица од Челзи.

Откако го предводеше Интер до шампионската титула во Серија А во 2021 година со 24 гола на 36 првенствени натпревари, следуваше трансфер од 100 милиони евра во Челзи.

И покрај ветувачкиот почеток на Стемфорд Бриџ, тој не успеа да се вклопи, многу брзо испадна од плановите на тренерот Томас Тухел и постигна само осум гола во Премиер лигата.

Летово тој повторно се врати на Џузепе Меаца и е порешителен од кога било да го оправда епитетот еден од најдобрите светски напаѓачи на денешницата и ќе му претставува жестока конкуренција на Един Џекo.

Кога се појави го шокираше Интер со својот изглед бидејќи имаше преку 100 килограми и клубот веднаш му нареди да започне медитеранска диета за да достигне максимални 101 килограм.

Неколку недели подоцна ефектот се виде и Лукаку изгледа навистина неверојатно пред почетокот на новата сезона.

На еден од тренинзите тој го соблече дресот и до израз дојдоа мускулите и сосема е јасно дека веќе нема вишок килограми.

 

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаСерија А