Со 25 освоени трофеи, Марсело Виеира е најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид.
По 15 години играње во Кралскиот клуб, Марсело на крајот од минатата сезона ги напушти Лос Бланкос и сега се подготвува за нови предизвици.
Од Италија доаѓа малку неверојатната вест дека Марсела сака во своите редови да го види најамбициозниот клуб во најдобрите пет лиги.
Имено, воспоставени се контакти меѓу искусниот лев бек и Монца и Бразилецот е сериозна опција за потпис.
Очигледно, овој 34-годишник, кого го бара и Марсеј, нема ништо против да заврши во Серија А и да се испроба во нов шампионат.
🚨 Escl. – L'ultima pazza idea del #Monza è l'ex Real Madrid #Marcelo per la fascia sinistra. Avviati i contatti. #calciomercato
— Nicolò Schira (@NicoSchira) July 13, 2022
Монца, која играше во Серија Ц во 2018 година, во претходниот дел од преодниот рок потроши повеќе од 100 милиони евра.
На чело на овој клуб се Силвио Берлускони и Адријано Галијани, познатото дуо кое од Милан пред три децении направи светски гигант.
Инаку, Марсело не е ниту првиот ниту последниот врвен фудбалер кој се поврзува со Монца. Претходно тоа беше случај со Един Џеко, Луис Суарез, Единсон Кавани и многу други …