Французинот Орелиен Чоамени јавно се пожали на згуснатиот и бурен распоред во текот на фудбалската сезона.
Играчот од средниот ред на Реал смета дека ритамот од 70-80 натпревари по сезона е премногу интензивен за професионалните фудбалери:
„Како играчи мораме да направиме нешто околу распоредот. Мораме да го запреме ова. Навистина е тешко за телото да се заврши сезона со 70-80 натпревари. Ако сакаме да играме до 38 и 39 години, тешко ќе издржиме на овој начин. Имаме многу различни натпреварувања и не ни се сите важни“, изјави францускиот претставник.
Оваа сезона Чуамени играше 11 пати за Реал Мадрид и постигна еден гол за 843 минути игра. Тој во моментов е на репрезентативен собир со Франција која вечерва од 20:45 часот и гостува на Холандија во квалификациите за Европското првенство.
