ФУДБАЛ

Чуден звук го збуни Мурињо, кога новинар му откри што се случува, Португалецот почна да се смее (ВИДЕО)

Интересно беше на прес-конференцијата на Тотенхем пред утрешниот натпревар против Ливерпул.

Дерби рундата се игра во вечерните часови од 21 часот на „Енфилд“ и Мурињо со Спарс ќе се обидат да ги запрат актуелните шампиони во борбата за првото место на табелата.

Ден пред натпреварот беше организирана прес-конференција на стадионот во Тотенхем според вообичаениот протокол, а поради пандемијата на коронавирусот, новинарите разговараа со Португалецот преку апликацијата Зум.

Во еден момент Жозе слушнал необичен звук, а потоа репортерот од другата страна му рекол дека е вклучена неговата машина за перење, која произведува необичен звук. На крајот, Жозе само се насмеа …