ФУДБАЛ

Чудниот договор Барселона ќе ја чини 20 милиони евра

Екипата на Барселона конечно доби понуда за францускиот фудбалер Оусман Дембеле.

Манчестер јунајтед е оној кој е заинтересиран за услугите на 23-годишниот Французин, а за неговите услуги екипата од „Олд Трафорд“ нуди „само“ 50 милиони евра.

Тоа е повеќе од 50 проценти помалку од она што Барселона го издвои за овој фудбалер. Го доведоа од Борусија за 105 милиони евра со договорени дополнителни бонуси од 40 милиони евра.

Од оваа бројка веќе се исплатени 20 милиони евра, а преостанатите 20 милиони, екипата од Дортмунд ќе ги добие ако каталонскиот клуб го продаде Дембеле, па каталонскиот гигант ќе остане без 20 милиони евра во случај на продажба на Французинот.

Многу е веројатно дека Барселона ќе побара малку повеќе пари за услугите на овој фудбалер, бидејќи продажбата не би се исплатила во моментот.

Дембеле не играше премногу во Барселона. Тој имаше огромни проблеми со повредите, па забележа 74 настапи во три сезони и постигна 19 голови.