Еден Азар повторно е повреден, иако и кога не е, не се забележува разлика.
Белгиецот е закован за клупата на Реал Мадрид, дури и кога ги нема Карим Бензема или Родриго, Азар не добива шанса во стартниот состав ниту од клупата.
Карло Анчелоти денеска потврди дека повторно е надвор од терените поради полесна повреда и дека ќе го пропушти дуелот со Селтик во Лигата на шампионите.
Италијанецот изјави дека заедно со Белгиецот во аут е и полесно повредениот Чуамени.
Реал Мадрид во среда од 18 часот и 45 минути го пречекува Селтик, веќе се пласираше, но мора да победи за да не дозволи РБ Лајпциг да ги претекне на лидерската позиција.