Борусија Менхенгладбах и Мајнц одиграа нерешено 1-1 во 28. коло од Бундес лигата.
Домаќините поведоа во 33. минута со голот на Ембола, а бод за гостите од Мајнц донесе Онисиво во 73. минута по големата грешка на одбраната на Борусија.
Мајнц можеше многу порано да израмни, а на почетокот на вториот дел се виде нереалната интервенција на голманот на Борусија, Јан Зомер.
Леандро Бареиро Мартинс со силен удар ја погоди стативата, топката се одби до Џонатан Буркард, кој шутираше и кога веќе сите ја видоа топката во голот, следеше интервенција на Зомер.
Wie geht das ? pic.twitter.com/FTzXIZq3gv
— Michael Gherman (@XPhenomenoX) April 3, 2022
Швајцарецот со чудесен рефлекс го одбрани ударот и го спаси својот тим. Потоа имаше уште неколку добри одбрани, но во 73. минута не можеше да направи ништо.
Јан Зомер често знаеше да има неверојатни одбрани, а оваа дефинитивно ќе биде една од најдобрите во сезоната.