Во Торино се случи мало чудо, барем според се што е прикажано оваа сезона.
Јувентус го одигра најдобриот меч сезонава до сега и победи со сигурни 3:0. Резултат на кој не се навикнати навивачите на Старата дама.
Најтрофејниот италијански клуб до мечот со Болоња изгледаше бледо и неплодно и никако не успеа да го наметне својот ритам, без разлика на противникот.
Токму поради оваа причина, победата од три гола оправдано може да се смета за мало чудо ако се земе предвид како досега играа момците на Масимилијано Алегри.
По воведните минути и неколку промашувања, Јувентус поведе во 24. минута кога Костиќ го постигна своето деби во дресот на торинскиот тим.
На пауза се замина со минимална предност на Стара дама, која подоцна постигна уште два гола, а стрелци беа Влаховиќ и Милик.
Серијата мечеви без голови ја прекина Влаховиќ во 59. минута кога погоди со глава, додека Милик три минути подоцна реализираше одличен волеј.
Домашните можеа да постигнат уште еден гол до крајот, но на крајот им недостигаше концентрација, но сигурно овој резултат може да го задоволи Алегри.
Јувентус со оваа победа стигна до 13. бод по осум одиграни кола и заостанува седум бода зад лидерите Наполи и Аталанта.
Дали вечерашната добра партија го најави излезот од кризата ќе покажат следните натпревари. Веќе во среда се игра натпреварот од Лигата на шампионите кога Старата дама едноставно треба да го победи Макаби.