Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи објави видео од чудесниот гол кој го постигна додека играше фудбал со своите пријатели.
Овој сега 43-годишен фудбалер покажа дека не заборавил да игра фудбал и постигна фантастичен „карате гол“ на натпревар со пријателите на вештачка трева. „Чудо на природата“, напиша Ибрахимовиќ на Инстаграм и го сподели голот што го постигна.
