Македонија се разбури во прекрасно утро. Сигурно многумина се уште ве држи адреналинот од синоќешниот натпревар. Македонската фудбалска репрезентација славеше со 0:1 во Палермо, го совлада актуелниот европски првак и четирикратен светски шампион Италија. Направи чудо, кое само најголемите фанови го очекуваа. Македонија е најпријатното фудбалско изненадување. Еве, уште еднаш, да се потсетиме, што се случуваше синоќа во последните минути од мечот во Палермо.