Од Еурофарм Пелистер во РК Прилеп. Филип Чурлевски ќе го носи дресот на повратникот во најсилната ракометна лига во Македонија. Средниот бек во својата кариера играше за Пелистер и Вардар Јуниор.
Чурлевски е петтото засилување за тимот на Прилеп. Претходно својот потпис го ставија и Грузијците Реваз Чантурија и Зураб Цинцадзе, потпишаа и Манчески и Шокоски.