Македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов во последниот ден од преодниот рок во Европа се пресели од англиски Барнли во турската Супер лига. Тој потпиша двегодишен договор со Кочаелиспор. Чурлинов треба да му помогне на неговиот нов тим во борбата да го задржи прволигашкиот статус. Ова ќе биде неговиот шести тим во кариерата, откако претходно играше за Келн, Штутгарт, Шалке, Барни и Јагелонија.
Чурлинов има нов клуб, ќе игра во Турција
