Македонската репрезентација за играчи до 21 година утре игра против Израел, со што ќе се обиде да забележи уште една победа по онаа против Казахстан. Целта секако е баражот за ЕП, бидејќи во групата неприкосновена е Шпанија.

Напаѓачот Чурлинов вели дека е најважно тие максимално да се залагаат на секој меч, а за пласман на ЕП ќе биде потребна и помош од Господ.
Мечот се игра утре со почеток во 14:30 часот во Скопје.