Мохамед Салах уште еднаш се поврзува со Реал Мадрид, а поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џон Олдриџ тврди дека, ако тој беше на местото на Египќанец, ќе ги мразеше Кралевите.
Салах претходно се поврзуваше со Реал, а неодамна во интервју за мадридски АС, на прашање дали би се преселил во Мадрид, тој одговори со „кој знае …“, што беше доволно за новинарите во Шпанија и Англија да ги зголемат гласините за можен трансфер.
„Лично, мислам дека по таквото искуство во финалето од Лигата на шампионите и начинот на кој Рамос се однесуваше кон него, да бев на негово место, ќе го мразев Реал Мадрид“, рече Олдриџ.
Олдриџ предупредува дека голем дел од одлуката на Салах ќе падне на рамениците на Клоп и како тој се справува со ситуацијата затоа што „играчите се многу моќни сега, ако сакаат да си заминат, тие заминуваат. Крај на приказната“.
Ова е четврта сезона на Салах во Ливерпул, со кого ја освои титулата во Премиерлигата минатата сезона, и ја освои Лигата на шампионите сезоната порано.
Со 13 гола на 13 натпревари, Египќанецот во моментов е најдобар стрелец на тимот од „Енфилд“.