Ливерпул вчера со голот на Мохамед Салах дојде до победа на гостувањето кај Хедерсфилд.
Играта на Редсите не беше на ниво, но сепак успеаа да остварат победа вредна три бода и да ја продолжат трката за врвот.
„Основата која засега ја направивме е брилијантна – 23 бодови. Мисалм дека никогаш претходно во кариерата немав толку после девет кола, а се уште постои простор за напредок“, рече менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп по натпреварот.
„Не беше толку лошо, можеби е овој првиот период во мојот живот да добиваме просечни натпревари и тоа е вистина. Не можеме сега да пишуваме книги за тоа како да се освои трофејот, но постои само еден начин, а тоа се победите. До нив се стигнува на различен начин“, тврди Греманецот.
Ливерпул е втор на табелата и има 23 бодови, колку и лидерот Манчестер Сити, а во следното коло го пречекуваат Кардиф, а во среда ќе ги одмерат силите со Црвена Звезда во лигата на шампионите.