Тренерот на германскиот тим Лајпциг, Јулијан Нагелсман даде интересна изјава откако неговиот тим го совлада во последното коло од групата фаза Манчестер Јунајтед и обезбеди пласман во нокаут фазата од ЛШ.
-Секогаш ги слушам химните на наредниот ривал, а Реал и Јувентус имаат многу убави химни. Поради тоа би сакал на ждрепката да добиеме еден од овие два тима, вели Нагелсман.
Овој 33-годишен тренер прави навистина одлични работи со неговиот Лајпциг. Минатата сезона стигна до полуфиналето, а оваа во групата фаза во конкуренција со ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Башакшехир обезбеди пласман во нокаут фазата. Откако влегоа во Бундеслигата, секогаш се на некоја од водечките позиции.