Фудбалерот на Брајтон, Мозес Каиседо нема да се пресели во Ливерпул иако двата клуба се договорија за рекордно обештетување.
Денеска објавивме дека понудата на Ливерпул од 110.000.000 фунти за Еквадорецот е прифатена од Брајтон, а во меѓувреме се закажани медицински прегледи.
Сепак, во текот на попладневните часови, Челзи повторно тропна на вратата на играчот, со кого Каиседо е во контакт од пролетта и од мај се договорија за личните услови.
Неговата желба е да се пресели на „Стемфорд Бриџ“, а не на „Енфилд“ и сега прашање е како ќе заврши оваа сага бидејќи Брајтон се двоуми со нови преговори.
