Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе се сегашноста, но и иднината на фудбалот, играчи кои сигурно ќе се борат за Златната топка во следната деценија.
Халанд и Мбапе би можеле да ја сменат средината на лето. На Французинот му истекува договорот со ПСЖ, додека Норвежанецот се стреми кон поголем и поконкурентен клуб од Борусија Дортмунд.
Жерар Пике, искусниот стопер и човек кој освои се што може да се освои во фудбалот, му даде интересен совет на Халанд, т.е. да не игра покрај Мбапе.
„Да Халанд и да ја сакам Златната топка, никогаш нема да одам во истиот тим како Мбапе“, рече Пике како гостин во една од емисиите.
Халанд и Мбапе секако сакаат да бидат први ѕвезди во своите тимови, особено францускиот напаѓач, па изјавата на Пике е можеби соодветна.
Но, од друга страна, познато е дека Халанд е тивкото страдање на Барселона, па оваа изјава на легендата на каталонскиот гигант не е изненадување, бидејќи Мбапе е блиску до потпис за Реал.
Со доведувањето на Феран Торес, Пјер Емерик Обамејанг и Адама Траоре, заедно со веќе постоечките Ансу Фати, Мартин Брејтвајт и Мемфис Депај, Каталонците направија вистински хаос во нападот, па ќе биде интересно да се види 21-годишниот ќе оди во Барса на лето.