ФУДБАЛ

Дадоа понуда за Челзи, но веднаш ја повлекоа поради неверојатна причина

Вчера беше одреден како краен рок за поднесување понуди за купување на Челзи.

Роман Абрамович сега има само три понуди, иако имаше четири, но семејството Рикетс ја повлече понудата само неколку часа откако ја испрати.

Според The ​​Sun, причината е контроверзна.

 

Во соопштението од компанијата што ја водеше трансакцијата, Том Рикетс рече дека во процесот на финализирање на предлогот, станува се појасно дека некои прашања не можат да се решат поради динамиката околу продажбата.

 

„Навистина му се восхитуваме на Челзи и неговите навивачи, а на новите сопственици им посакуваме се најдобро“, рече тој.

Изјавата беше кратка и без премногу детали, но цитираниот извор тврди дека она што би можело да ги отуѓи американските милијардери е фактот што навивачите од Лондон не можеле да му простат на некои претходни постапки на Рикетс.

 

Во 2019 година протекоа некои информации од е-пошта во која тој рече дека муслиманите се негови непријатели.

 

Навивачите не трпат ваква дискриминација, а пред неколку дена дури и протестираа.

 

Инаку, Роман Абрамович побарал околу 3,1 милијарди евра за продажба на Челзи. Тројцата понудувачи се Стивен Паглиука, Тод Боли и Лорд Коу.

 

Од нив, последниот го даде Паглиук, во четвртокот наутро, додека другите три наддаваа во средата навечер. Поддршка на Паглиук има и легендата на Челзи Џон Тери, формирана е комисија, но самиот Абрамович сигурно ќе го има последниот збор.