ФУДБАЛ

„Дајте му ја Златната топка на Левандовски или јас ќе му ја дадам мојата“

Се уште не се знае кој ќе биде избран за најдобар играч во Европа на гала вечерата на крајот на месецот.

Како и секоја година, тешко е да се прогнозира добитникот на Златната топка, но многумина сметаат дека конечно е време напаѓачот на Баерн Роберт Левандовски да ја освои.

Луис Суарез „Miramontes“, поранешен добитник на Златната топка и единствениот Шпанец кој успеал, смета дека Левнадовски треба да биде награден.

„Дајте му ја златната топка на Левандовски! Ако не, јас ќе му ја дадам мојата“, рече освојувачот на Златната топка од 1960 година.

Шпанската легенда ја освои наградата во 1960 година и беше еден од најдобрите фудбалери во светот во 50-тите и 60-тите години на минатиот век, а трипати беше меѓу првите тројца во изборот на францускиот магазин.

За Барса играше од 1955 до 1961 година, а потоа за тогашните 142.000 евра како најскап фудбалер на светот, потпиша за Интер и мина девет години во тој клуб, за да ја заврши кариерата во Сампдорија.