КОШАРКА

Далас загуби од Филаделфија во првиот натпревар без Лука Дончиќ, Џејмс ги предводеше Лејкерси до триумф

Лос Анџелес Лејкерс го совлада градскиот ривал Лос Анџелес Клиперс со 122:97 во првиот натпревар по трејдот со Далас Маверикс.

Споменатите НБА франшизи беа шокирани во неделата од веста за трејдот во кој Лука Дончиќ пристигна во ЛА, а Ентони Дејвис заминува во спротивна насока. Нивните први натпревари без главните играчи се чекаа до денеска, а Лејкерси го декласираа градскиот ривал благодарение на Леброн Џејмс, кој постигна 26 поени со девет асистенции и осум скока.

 Од друга страна, Далас без својот најдобар играч досега Словенецот Лука Дончиќ е поразен на гостувањето кај Филаделфија 76ерс со резултат 118:116. Филаделфија до триумфот ги предводеше Макси со 33 поени, 13 асистенции и четири скока, додека Ембиид постигна 29 поени со 11 скока и десет асистенции.

Резултати:

Филаделфија – Далас 118:116

Бруклин – Хјустон 99:97

Кливленд – Бостон 105:112

Торонто – Њујорк 115:121

Чикаго – Мајами 133:124

ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 97:122

Портланд – Индијана 112:89