ФУДБАЛ

Дали Артета повторно има причина да се грижи?

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Хесус мораше да го напушти теренот во победата над Севиља поради болки во грбот.

Како што беше потврдено по натпреварот, Бразилецот почувствувал непријатност и веднаш побарал промена, што го потврди и Микел Артета.

„Габриел Хесус немаше да побара промена туку така, ако навистина не почувствуваше нешто. Ќе ги направиме прегледите и ќе знаеме каква е ситуацијата“, рече Артета.

Бразилецот е оптимист дека не е ништо страшно.

„Не сакав ништо да ризикувам, но не верувам дека се работи за повреда“, изјави Хесус.

Арсенал во сабота од 16.00 часот го пречекува Шефилд Јунајтед.