Статусот на Иван Перишиќ сè уште не е решен.
Медиумите во Германија често пишуваат за тоа, а според последните информации, Баварците немаат намера да платат обесштетување од 20 милиони евра.
Сепак, тие се подготвени да седнат на маса со Интер и да се обидат да ја намалат таа бројка.
Германците тврдат дека Баерн ќе се согласи да го купи договорот само доколку Интер ја намали цената, а тие очекуваат дека тоа ќе се случи, со оглед на целокупната состојба со пандемијата на коронавирус и финансискиот удар врз самите клубови.
Хрватскиот играч од средниот ред запиша 15 натпревари за Баерн и додаде четири гола и пет асистенции.
Дали ќе остане член на Баварците останува да се види.