ФУДБАЛ

Дали Бејл го напушта Реал? Зидан го кажа своето

Во најавата за натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Галатасарај, на новинарите им се обрати тренерот на кралевите, Зинедин Зидан.

Голем дел е негативно околу Реал во последните неколку недели, а некако се издвојува „потегот“ на Герет Бејл и Хамес Родригез кога го напуштија стадионот на 10 минути пред натпреварот Реал – Бетис, кој заврши без погодоци.

Овој потег во Мадрид се сметаше за кукавички и невнимателен, а Бејл одамна се поврзува со напуштањето на Реал. Сепак, Зидан откри денес дека неговата желба е Велшанецот да остане до крајот на сезоната.

„Јас ги сакам сите мои играчи и секој ден се поздравувам со Бејл. Никогаш немаше ништо негативно меѓу нас, дури ни ова лето во ситуација кога тој требаше да си замине. На сите играчи им треба поддршка, а јас го сакам Бејл до крајот на сезоната“, рече Зидан.

Вчера се појави информација дека Реал нуди 70 милиони фунти и Бејл за Стерлинг, но Зизу не сакаше да ги коментирате ваквите шпекулации.

На крајот на краиштата, се чини дека сега Бејл ќе остане во Реал Мадрид од крајот на сезоната, но никој не може да го гарантира неговиот престој во Мадрид повеќе од една сезона.