Френки де Јонг се уште не ја напушти Барселона, иако цело лето беше поврзуван со Манчестер Јунајтед.
И на крајот од минатата сезона се шпекулираше дека Де Јонг сигурно ќе го напушти каталонскиот клуб и кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, но трансферот се уште не е реализиран.
Барселона и Јунајтед дури и договорија трансфер пред неколку недели, но сето тоа пропадна откако Де Јонг одби да го напушти „Камп Ноу“.
Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека Де Јонг се уште не е сигурен во каталонскиот клуб и дека Барселона се уште сака да го продаде бидејќи пропаднале преговорите Холанѓанецот да му ја намали платата.
Барселона мора да продаде првотимец за да го ангажира Жил Кунде, а Де Јонг се чини дека е логичен избор откако тој одби да ја намали платата и на тој начин му создаде дополнителен проблем на клубот.
Шпекулациите за заминувањето на Де Јонг повторно се разгореа по неговите активности на социјалните мрежи.
Имено, играчот од средниот ред на Барселона се најде во центарот на вниманието откако вчера на Инстаграм му лајкна објава поврзана со доаѓањето на Касемиро во Манчестер Јунајтед.
We see you, @DeJongFrenkie21 👀 pic.twitter.com/8wulgxeokF
— UtdDistrict (@UtdDistrict) August 22, 2022
Секако, овој лајк на Де Јонг не остана незабележан и денеска е главна тема на спортската јавност во Шпанија и Англија. Дали Де Јонг најави дека се уште сака да замине во Јунајтед или само намерно ги испровоцира челниците на Барселона, останува да видиме.
Де Јонг претходно изјави дека единствена цел му е да остане во Барселона, но го предизвика гневот на навивачите со тоа што одби да ја намали платата, што многу ќе им помогнеше на Каталонците.
Холанѓанецот е стартер во тимот на Чави Ернандез на почетокот на сезоната, но не е невозможно на крајот да ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Дали овој лајкер го најави тоа ќе дознаеме многу брзо.