Тренерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард изјави дека не знае ништо околу наводното доаѓање на играчот на Челзи, Оливие Жиру. Францускиот „Л’Екип“ објави дека тој бил воодушевен од Жиру и дека веќе воспоставил контакт со 33-годишниот напаѓач.
-Медиумите не поврзуваат со некои добри играчи. Да бидам искрен не знам ништо околу тоа. Ако некој нешто знае, нека му даде мој број. Тој е одличен фудбалер, изјави Џерард.