ФУДБАЛ

Дали Дибала ќе влезе во историјата како еден од најголемите “предавници”, се договорил со лутиот ривал на Јувентус?!

Пауло Дибала најверојатно следната сезона ќе го носи дресот на Интер, лутиот ривал на Јувентус, објави угледниот весник Газета дело Спорт. Долго време Аргентинецот преговараше со тимот од Торино, но сепак нема да го продолжи договорот поради неговите високи барања. Но, што е уште полошо за Јувентус, наводно Дибала се согласил на договор со Интер и тоа за помала плата од онаа што му ја нудел сегашниот негов тим.

Аргентинецот наводно во Интер  ќе игра за  плата од 6 милиони евра годишно, можно е да има и бонуси, на Јувентус му бараше 10 милиони евра.

Официјално овој договор ќе биде потврден до почетокот на јуни, според медиумите во Италија, генералниот директор на Интер, Бепе Марота имал клучна улога во преговорите и потврдата на договорот.