ФУДБАЛ

Дали е ова фер? Артур нема да игра за Барселона ниту една секунда, освен во еден случај

Артур Мело ќе го носи дресот на Јувентус од следната сезона.

Барселона реши да го размени овој играч од средниот ред за Миралем Пјаниќ, а трансферот беше комплетиран пред две недели.

Иако сезоната е сè уште во тек, тренерот на каталонскиот гигант Кике Сетиен уште еднаш јасно стави до знаење дека не смета на Артур, освен ако тоа е неопходно.

„Артур ќе игра за Барселона само ако тоа е апсолутно неопходно. Можеби против Наполи, бидејќи Бускетс и Видал се суспендирани“, јасен е Сетиен.

Мело има играно за Барселона вкупно 72 пати и постигна четири гола. Тој е во клубот од 2018 година кога пристигна од бразилскиот Гремио.