На натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон на „Олд Трафорд“ во понеделникот дојде до контроверзна ситуација. Новиот голман на Јунајтед Онан го собори Саша Калајџиќ во шеснаесетникот. Сепак, судијата и ВАР не досудија пенал за гостите.
„Волците“ почувствуваа дека се оштетени со оваа одлука, а можеби така мисли и Фудбалскиот сојуз на Англија, со оглед на тоа што Сајмон Хупер и видео судиите Мајкл Солсбери и Ричард Вест не беа делегирани за натпреварите од второто коло, што е можеби доволен знак.
Менаџерот на „волците“, Гери О’Нил изјави дека судијата Хауард Веб му се извинил по натпреварот за одлуката што ја донел.
Да потсетиме, Манчестер го доби овој натпревар со минимален резултат, а голот го постигна Рафаел Варан.
