Германскиот голман Оливер Бауман е веројатно човекот кој го имаше еден од најлошите натпревари во историјата на Бундеслигата.
Во 2013 година Бауман застана на голот на Фрајбург на мечот со ХСВ, а несреќниот голман беше апсолутен виновник за поразот од 3-0 на својот тим.
Тој со неразбирливи реакции му даде три гола на противничката екипа и сите си стискаа со главите поради тоа што го гледаа.
Бауман најпрвин погреши при проценката на топката која ја испрати Милан Бадељ, таа го мина и Максимилијан Бајстер лесно погоди за 1:0.
Продолжението носи уште две грешки. Уште една погрешна проценка доведе до голот на Ласога, а потоа Ван дер Варт ја искористи третата грешка кога реагираше лошо по ударот на противнички играч.
Сепак, по мечот Бауман не беше премногу потресен.
“Ова не влијаеше на мојата самодоверба. Лошо е, но мора да останеме смирени и да не полудуваме”, рекол Бауман и додал:
„Подобро е да се прават три грешки на еден натпревар отколку по една на три“, истакна тогаш Бауман.
Навивачите на Фрајбург не му се налутија. Го наградија со овации по натпреварот, а тој сепак имаше прилично добра сезона.
Сепак, во 2014 година реши да си замине, а веќе седум години е член на тимот на Хофенхајм.
Сепак, неговиот настап и трите големи грешки ќе се паметат засекогаш и тоа е нешто за што секогаш ќе се зборува.