Интер со катастрофална игра во финалето од ЛШ и пораз од 5:0 од ПСЖ остана без ниту еден пехар оваа сезона. Иако месец и половина пред крајот на сезоната играше на три фронта и практично можеше до тројна круна, на крајот остана со празни раце. Прво испаднаа во полуфиналето во Купот од Милан, потоа кикснаа во решавачки меч на „Меаца“ играјќи со Лацио 2:2 на две кола до крајот, а иако ги елиминираше Баерн Минхен и Барселона со храбра и одлична игра, во финалето против ПСЖ како да не беа на теренот.
Вчера и официјално стана јасно дека Симоне Инзаги нема да биде повеќе тренер на Интер. Веќе е познато дека за 26 милиони евра годишна плата, тој ќе седне на клупата на Ал Хилал од Саудиска Арабија. Она што ги налути навувачите е информацијата која ја објави углендната Газета Дело Спорт е тоа дека Инзаги уште пред еден месец начелно постигнал договор со Ал Хилал, но без знаење на раководството на тимот. Инзаги имал важечки договор со „Нероаѕурите“, а според сите правила требало да ги информира. Газета Дело Спорт пишува дека за преговорите со Ал Хилал дознале од меиумите. Она што е уште поразочарувачки е тоа што Инзаги наводно во овие месец дена убедувал две ѕвезди да одат со него во Ал Хилал. Тоа се играчот за врска Барела, но и дефанзивецот Бастони. Наводно од нив добил одговор НЕ. Дали е ова причината за катастофата на Интер во последниот месец во финишот на сезоната или не, останува нејасно.
