ФУДБАЛ

Дали е тоа јавна тајна? Меси е идол на многу Бразилци

Фото: Argentina's Lionel Messi (C) controls the ball ahead of Brazil's Felipe Melo (L) while Argentine Juan Sebastian Veron looks on during their World Cup 2010 qualifying soccer match in Rosario, September 5, 2009. REUTERS/Enrique Marcarian (ARGENTINA SPORT SOCCER) - GM1E596107401

Сите знаеме дека Бразилците и Аргентинците се големи ривали на фудбалскиот терен, но…

Репрезентацијата на Бразил е најуспешната во историјата на фудбалот, пет пати беше светски првак, но последен пат беше пред 20 години (1958, 1962, 1970, 1994 и 2002 година).

Во меѓувреме на врвот на светот се искачија нивните најголеми ривали, Аргентинците. „Гаучосите“ предводени од Лео Меси триумфираа во Катар и стигнаа до третата титула (1978, 1986, 2022).

Фелипе Мело во текот на кариерата имаше можност да игра против Меси во дресот на Бразил, Расинг Сантандер, Алмерија, Фиорентина, Јувентус…
Тоа не ги израдува Бразилците, но не можат а да не го признаат квалитетот на најдобриот играч на Аргентина. Поранешниот бразилски репрезентативец и играч на јужноамериканскиот шампион Коринтијанс, 40-годишниот ветеран Фелипе Мело, нема проблем да го пофали својот голем ривал.

„Лионел Меси е најдобриот играч што сум го видел. Ако не постигне три гола, ќе намести три гола. Тоа е разликата меѓу него и сите други. Имам слика од Меси во мојата куќа за да можат моите деца и внуци да видат дека играв против него. Меси е идол за многу Бразилци“, изјави Фелипе Мело.

Дали Мело на овој начин открил јавна тајна? Бразилците многу добро знаат што е фудбалски квалитет, но на големиот ривал не е лесно да му кажеш дека се најдобри.