Роберто Фирмино би можел да го напушти Ливерпул после пет години.
Според англиските медиуми, интерес за 28-годишниот бразилски напаѓач покажува Баерн Минхен и Баварците ќе се обидат да го доведат во своите редови следното лето.
Фирмино е член на великаните од „Енфилд“ веќе пет години. Играше навистина одлично, но лесно можеше да го напушти клубот.
Ливерпул веќе има замена за него. Тоа е одличниот германски фудбалер Тимо Вернер, кој долго време се поврзуваше со Ливерпул и неговото доаѓање е сосема сигурно.
Сигурно Фирмино би бил големо засилување за Баерн бидејќи тој е навистина фантастичен фудбалер.
За време на неговите пет години на „Енфилд“, Фирмино одигра 231 натпревар и постигна 76 голови.