Договорот на шпанскиот стручњак Пеп Гаурдиол со Манчестер Сити истекува на крајот на оваа сезона, а дали ќе биде продолжен, сè уште не е познато.
Челниците на Сити сакаат Гвардиола да ги води во наредните сезони, но шпанскиот стручњак се уште не даде коментар за ова прашање.
“Фактот дека Пеп беше тренер на Сити подолго од кој било друг клуб во неговата кариера доволно зборува за тоа колку напредувал клубот во развојот. Тоа значи дека тој е среќен што е тука. Тоа е пријатно за нас. Гвардиола е најдобриот тренер во светот и ние сакаме да да остане во Манчестер Сити “, рече директорот на Сити, Омар Берада.
“Ќе разговараме за договорот во вистинско време. Се надеваме дека тој ќе го продолжи мандатот во Манчестер Сити, бидејќи неговиот придонес е огромен и ќе има трајно влијание. Таквите разговори се водат во вистинско време, но нашата позиција е јасна – сакаме тој да остане. Ако посои осеќање дека треба да го испланираме изборот на наследник, ќе размислиме за тоа, но наш приоритет е да разговараме со Пеп, да се чувствуваме пријатно, па ќе се обидеме полесно да ја продолжиме неговата работа овде “, додаде Берада.