Шанса да собори уште еден рекорд вечерва има фантастичниот Норвежанец Ерлинг Халанд.
Доколку Ерлинг Халанд постигне гол вечерва, ќе ги надмине Мо Салах и Руд Ван Нистелрој како најефикасен играч во Премиер лигата во една сезона во сите натпреварувања.
Младиот Норвежанец во моментов со 44 гола се изедначи со Египјанецот од Ливерпул и Холанѓанецот, поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед.
Халанд досега има постигнато 30 гола во Премиер лигата, десет во Лигата на шампионите, три во ФА Купот и еден во Лига купот.
Сепак, поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд досега го нема најдоброто издание против Баерн Минхен. Досега одигра седум пати против Баварците и никогаш не ја вкусил сладоста на победата. Дали тој вечерва?
Сетете се на неговите пет гола на неодамнешниот натпревар од Лигата на шампионите против РБ Лајпциг.
When Haaland hit five 🖐️#UCL pic.twitter.com/SAUOo6lkbp
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 11, 2023
