ФУДБАЛ

“Дали играме како Барса? Барса не изгледа на ништо”

Тренерот на Бенфика, Хорхе Хесус беше многу задоволен откако неговиот тим во Лигата на Европа го победи Стандард Лиеж.

Тренерот на поразениот тим ја спореди Бенфика со Барселона, но тоа не му се допадна на Хесус. Тврдењето дека „Бенфика игра како Барселона“ не му одговараше.

“Нема да кажам дека изгледаме како Барса, бидејќи Барса не изгледа на  ништо. Можеби изгледаме како онаа Барса од пред неколку години, но оваа сега не вреди ништо”, рече Хесус.

Бенфика го држи врвот пред Ренџерс, Лех и Стандард во групата од Лига Европа, и подеднакво го држи првото место во португалскиот шампионат.

Што се однесува до Барселона, таа навистина не блеска од доаѓањето на Роналд Куман, но на натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите покажа дека не е доцна да се разбуди и да освои важни трофеи на крајот.

ПОВРЗАНО

Лига Европа