ФУДБАЛ

Дали има клуб што ќе се согласи на ова? Ова се броевите што ги ставија Раиола и Халанд пред Барса

Мино Раиола и Алф-Инге Халанд пред неколку дена беа во Барселона каде се сретнаа со првиот човек на клубот Жоан Лапорт.

Секако, темата за пристигнувањето во Каталонија беше потенцијалниот трансфер на чудесниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Според информациите од Шпанија, Раиола и постариот Халанд се задоволни од начинот на кој се одвивал овој состанок, а потоа заминале во Мадрид на преговори.

Новинарот Жерар Ромеро денес ги откри бројките што луѓето на Халанд ги ставија пред Лапорта и тие се навистина неверојатни.

Раиола и таткото на Халанд од каталонскиот клуб бараат по 20 милиони евра за провизија и годишна нето плата од 30 милиони евра за Ерлинг.

Исто така, еден од условите е Лионел Меси да остане во клубот, што е можеби најреалното од сите што се предложени.

Бројките што ги бараат Раиола и Халанд се навистина огромни, особено за Барселона која има сериозни финансиски проблеми и се чини навистина нереална.

Претставниците на Халанд во наредниот период ќе разговараат и со клубови од Англија и ќе видиме каде ќе игра младиот напаѓач од следната сезона.