ФУДБАЛ

Дали ја доби наградата само затоа што е Меси? Ново признание во рацете на ѕвездата на ПСЖ (ВИДЕО)

Ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси ја доби наградата во Лига 1 за најдобар гол на месецот.

Меси го постигна својот прв гол во првенството во ноември. Тој постигна гол против Нант за победа од 3-1, а овој гол беше прогласен за најдобар за месец ноември.

Сепак, мислењето на многумина е дека Меси наградата ја добил само врз основа на своето име и дека имало многу поубави голови.

Во конкуренција за наградата имаше и прилично убави голови, но на крајот Меси беше прогласен за најдобар за месец ноември.

За аргентинската суперѕвезда ова е единствениот гол во Лига 1 на деветте одиграни натпревари оваа сезона.

Вкупно, Меси има одиграно 14 натпревари за парискиот гигант и има учинок од шест гола и четири асистенции.

Неодамна Лео по седми пат стана најдобар светски фудбалер. Многумина не се согласија со таа одлука, но Златната топка повторно заврши во рацете на аргентинскиот велемајстор.