ФУДБАЛ

Дали Јунајтед добива големо засилување до крајот на јануари?

Манчестер јунајтед реши да го отвори паричникот за јануарскиот рок.

Тимот на Солскјер игра многу лошо и оваа сезона. Менаџерот на Јунајтед призна дека би сакал да го засили тимот во јануари, а првиот човек Ед Вудвард реши да исполни една од неговите желби.

Така, до крајот на јануарскиот преоден рок, нов член на тимот на „Олд Трафорд“ би можел да стане фантастичниот играч од средниот ред, Дони ван де Бик.

Според „ЕСПН“ од извори блиски до првиот човек на Јунајтед, скоро е сигурно дека Јунајтед ќе испрати понуда за овој фудбалер, а лесно би можело да се случи тој да го носи дресот на „црвените ѓаволи“.

Како и минатата сезона, Ван де Бик игра навистина добро во дресот на Ајакс. Неговите одлични настапи не поминаа незабележано, па тој претходно се поврзуваше со преселбата во Реал Мадрид.

Оваа сезона, 22-годишниот играч од средниот ред има одиграно 26 натпревари и има постигнато осум гола и осум асистенции.