Станува се повеќе јасно дека ерата на Иван Ракитиќ во Барселона се приближува кон крајот.
Иако хрватскиот фудбалер има договор со Барселона уште една година и половина, медиумите во Шпанија јавуваат дека може да има трансфер на крајот на сезоната, главно заради интересот на многу клубови.
Последен клуб што се приклучи во борбата е Севилја, за која Ракитиќ веќе имаше можност да игра од 2011 до 2014 година, а дека не станува збор само за гласини, потврди спортскиот директор Мончи за време на еден промотивен настан.
„Ракитиќ совршено би се вклопил“, рече Мончи и додаде дека размислува за негов трансфер во летниот рок.
„Веќе започнав да контактирам со некои претставници. Имам состаноци и планирав патувања поврзани со следната сезона. Имаше операции што може да се склучат во рок од една недела, но има и такви што траат два месеци, бидејќи не можевме да се договориме за износот за време на преговорите“. додаде тој.
Ракитиќ неодамна призна дека неговиот сон е да се врати во Севилја еден ден.