ФУДБАЛ

Дали Кејн се враќа на теренот многу побрзо од очекуваното?

Напаѓачот на Англија, Хари Кејн би можел да се врати од теренот побрзо од очекуваното.

Кејн не е на терен речиси два месеци и се очекуваше сезоната да заврши за него. Сепак, „The Sun“ пренесува дека може да заигра многу брзо ако ја исполни сопствената цел.

Имено, изворот рече дека напаѓачот планирал до март да биде во целосна форма и да се врати на теренот. Тоа значи дека може да се очекува на теренот за околу пет недели. Во тој случај, Кејн би му помогнал на Тотенхем во последните два месеци од сезоната, и би бил во конкурентна форма пред Европските првенства.

Инаку, тој ја повреди тетивата на подколеницата, и ова е само една во низата повреди кои не го заобиколија во последните сезони.

Без оглед на тоа, Кејн е најдобриот играч на Тотенхем, и сигурно сите во клубот со нетрпение го очекуваат неговото враќање, бидејќи другиот важен офанзивен играч, Хаунг Сон-мин, е повреден и веројатно е завршена сезоната за него.

Тотенхем наскоро ќе се соочат со реваншот од 1/8 финале во Лигата на шампионите против Лајпциг. Во првиот натпревар, Лајпциг славеа со 1-0 во Лондон.