Тешката повреда на Вирџил ван Дајк му создаде сериозен проблем на Ливерпул.
Холандскиот дефанзивец ќе паузира неколку месеци поради повреда на коленото, а „црвените“ во јануари ќе се обидат да донесат замена и вистинско засилување во одбраната.
Италијанскиот новинар Фабио Сантини тврди дека „црвените“ ќе се обидат да го ангажираат фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали. Тие се подготвени да ја издвојат потребната бројка од 70 милиони евра и веруваат дека Сенегалецот е вистинскиот избор.
„Црвените“ ќе имаат конкурент, ПСЖ. Парижаните веќе подолго време сакаат да го донесат овој 29-годишник, но досега не беа подготвени да ја понудат бројката што ја бара Наполи.
Дефанзивецот дури наводно имал и вербален договор со ПСЖ. Сепак, немаше ништо од трансферот, а сега на адресата на одличниот фудбалер ќе пристигне уште една примамлива понуда.
Дали Кулибали ќе биде тој што ќе стави крај на агонијата на Клоп во одбранбената линија, останува да видиме.