Тренерот на Челзи, Франк Лампард, бара нов голман.
Тој го пречкрта првиот голман Кепа Аризабалага пред неколку месеци по серијата лоши игри и треба наскоро да најде замена.
Досега се споменувани неколку имиња. Некои опции веќе исчезнаа, додека други се уште се актуелни, а голманот на Борусија Дортмунд, Роман Бурк се приклучи на списокот, барем ако се верува во она што го пишува „The Sun“.
Позитивната работа во овој случај за Лампард и раководството на Челзи лежи во фактот дека Бурк има договор уште една година, така што обештетувањето веројатно не би требало да биде толку големо.
Бурк пристигна во Дортмунд пред пет години од Фрајбург, а во последно време бележи се подобри и подобри игри.