ФУДБАЛ

Дали легендарниот Пеле и овој пат ќе се спаси?

Легендарниот Бразилец Пеле има многу здравствени проблеми.

Пеле од понеделникот се врати во болница во Сао Паоло и се лекува од рак на дебелото црево.

Но, од болницата тврдат дека состојбата е стабилна и се очекува наскоро да ја напушти болницата.

Најдобриот светски играч досега во февруари беше хоспитализиран две недели, а претходно имаше камен во бубрегот кој му беше отстранет.

За време на последните јавни настапи, 81-годишникот се движел со помош на штеки, а сето тоа поради проблеми со колкот.

Пеле е единствениот фудбалер во историјата кој трипати го освоил Светското првенство (1958, 1962 и 1970 година), постигнувајќи 1.281 гол на 1.363 натпревари и според многумина најдобар на сите времиња со Диего Марадона.