Помалку од 100 дена од Европското првенство во фудбал на кое Македонија за прв пат ќе учествува, а УЕФА останува на ставот за одржување во повеќе градови и држави. Според распоредот, првиот натпревар Македонија треба да го одигра во Букурешт.
„УЕФА во сите градови и држави каде што не се дозволува минимум 25% да има публика, го променија местото, би требало да има минимум 25% публика, но јас очекувам дека до тој период би пораснала таа цифра до 50%, за да може да има публика, за да може да дојдат нашите фанови, за да ја следат нашата репрезентација во Букурешт и Амстердам“, изјави во интервју за Сител, Муамет Сејдини – новоизбран претседател на ФФМ.