Во атмосфера кога Македонија очекува голема вест од Бугарија за кревање на ветото, вечерва нова битка, но во спортски дух меѓу двете нации.
Под строги контроли и како натпревар од висок ризик вечерва Бугарија ќе ја пречека нашата репрезентација на „Хувефарма Арена“ од 18 часот. Македонските фудбалери сонуваат добар почеток и голема битка за место на Европското првенство 2024.
„Потсетуваме дека навивачите со написи и знамиња на гостинската репрезентација нема да бидат дозволени во секторите со поддржувачи на домаќините и обратно – навивачите со написи и знамиња на Бугарија нема да бидат дозволени во гостинскиот сектор“, стои во соопштението на бугарската федерацијата.
Бугарската фудбалска федерација по секоја цена сака да спречи немили инциденти и политички провокации за време на натпреварот во Разград.
Ова е прв натпревар за Македонија од Лигата на Нации.