ФУДБАЛ

Дали Мбапе ќе биде подготвен за реванш?

Sездата на ПСЖ, Килијан Мбапе најверојатно ќе игра на реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Мбапе имаше проблеми со мускулите и беше под знак прашалник дали ќе биде подготвен за Англичаните, но сега пристигнаа добра вест за париските навивачи.

“Ние ја проценуваме неговата состојба секој ден. Мислам дека тој ќе може да игра”, изјави тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино.

Првиот натпревар во Парз го доби Сити со 2-1, а тимот на Пеп Гвардиола е на чекор до пласман во Лигата на шампионите.

Реваншот се игра утре од 21 часот.

Мбапе оваа сезона одигра вкупно 43 натпревари и има учинок од 37 погодоци и 10 асистенции.

Одамна се шпекулираше дека Мбапе може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

На неодамнешната прес-конференција се зборуваше за нов договор за Мбапе, кој е поврзан со преселбата во Реал Мадрид.

Покетино не сакаше да зборува премногу на оваа тема и тој јасно стави до знаење.

“Прашање е за Килијан, не за мене. Тој има уште една година договор и јас и клубот правиме сè за да го задржиме во клубот на долго време. Знам дека тој е среќен тука”, рече Покетино.

Парижаните сакаат да го задржат Мбапе во своите редови во наредните години, но засега нема договор за продолжување на соработката.

Познати се сите услови што ПСЖ и ги нуди на својата млада sвезда. На масата пред него стоеше понуда за продолжување на соработката до летото 2025 година и плата од 25 милиони евра годишно – нето.

Сепак, Мбапе не ја прифати понудата на „Светците“. Тој сака да разгледа други опции и не е тајна дека Реал Мадрид го сака со сите сили во своите редови.

Одлуката на одличниот напаѓач за иднината веројатно би можеле да ја дознаеме во клубот од Париз во текот на следното лето, односно по Европското првенство.