Резервниот возач на Мерцедес, Мик Шумахер, рече дека ќе се обиде да го извлече максимумот од новата сезона во Формула 1 и е убеден дека ќе има можност повторно да вози во шампионатот.
„Очигледно не е сигурно дека ќе се вратам во шампионатот во 2024 година, но сум во удобна позиција каде што чувствувам дека можам да учам и можам да извлечам максимум од оваа година, иако не возам. изјави германскиот возач на маргините на претставувањето на новиот болид.W14 , објави денеска веб-страницата на шампионатот.
Синот на легендарниот седумкратен светски шампион Михаел Шумахер, претходните две сезони возеше за Хаас, а американскиот тим за новата сезона наместо 23-годишниот возач го доведе својот сонародник Ник Хулкенберг.
Мик Шумахер му се приклучи на Мерцедес во декември, а неговиот татко исто така возеше за тој тим од 2010 до 2013 година.
За Мерцедес оваа сезона повторно ќе возат Британците Луис Хамилтон (седумкратен светски шампион) и Џорџ Расел.
Мик Шумахер додаде дека не е премногу загрижен за враќањето во Формула 1.
„ Со резултатите што ги покажав во помладите категории, но и во Формула 1, сигурен сум дека ќе има можности. “ истакна тој .
Сезоната во Формула 1 започнува на 5 март со Големата награда на Бахреин.
