Француските медиуми денеска објавија дека Жозе Мурињо е еден од кандидатите за нов тренер на ПСЖ.
Веќе извесен период се шпекулираше дека челниците на францускиот клуб ќе го отпуштат Маурицио Покетино на крајот од оваа сезона бидејќи не се задоволни од неговите резултати и тоа што не успеа да ја исполни главната цел, а тоа е да ја освои шампионската титула.
Првата желба на ПСЖ беше Зинедин Зидан, до кого испратија официјална понуда, но поранешниот тренер на Реал Мадрид одби бидејќи целта му е следната работа да биде во францускиот стручен штаб.
Поради тоа парижаните мораа да почнат да бараат нов тренер, а наводно на списокот е и Мурињо.